Интеграции

Филипче денеска ја поднесува резолуцијата за црвените линии

25.09.2025 09:34

На почетокот на септември лидерот на СДСМ и официјално најави дека се работи на документ за национален консензус, според кој, решението нема да биде ни наметнато, ни затворено, туку ќе биде објавено како работна верзија за јавна и политичка дебата...

Драфт верзијата на резолуцијата за црвените линии и преговорите со Европската унија, која лидерот на СДСМ Венко Филипче ја најави на почетокот на септември, според најавите ќе биде објавена денеска. Филипче соопшти дека предлогот е финализиран, објаснувајќи зошто не бил готов порано.

Рече дека биле направени консултации со многу експерти од делот на правото и меѓународното право. На почетокот на септември лидерот на СДСМ и официјално најави дека се работи на документ за национален консензус, според кој, решението нема да биде ни наметнато, ни затворено, туку ќе биде објавено како работна верзија за јавна и политичка дебата.

Премиерот Мицкоски неколкупати потенцира дека го очекува документот, но како што вели, проблемот е што Филипче и оваа гарнитура на СДСМ го загубија кредибилитетот да зборуваат за црвени линии, откако претходно немаа црвена линија што не ја пречкртаа.