Македонија
Манифестација „Денови на македонски мед“ во Скопје
25.09.2025 10:23
Посетителите ќе можат да купат различни видови мед од цела Македонија и останати пчелни производи.

Од денеска до недела на улица „Македонија“ во центарот на Скопје ќе се одржува 21-та манифестација „Денови на македонскиот мед“.
Организатор на манифестацијата е Пчеларското здружение „Матица“ – Скопје. Посетителите ќе можат да купат различни видови мед од цела Македонија и останати пчелни производи.
