УХМР

Најавени врнежи и значителен пад на температурите

25.09.2025 12:01

Денес во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи...

Од утре до понеделник во земјава следува позначителна промена на времето под влијание на циклонска активност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Метеоролозите најавуваат претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, над 20 литри на метар квадратен, проследени со грмежи и засилен ветер.

Очекуван е пад на дневната температура за 8 до 10 степени во однос на денешната.

Во Скопје, пак, до понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има услови за пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.