МВР
Во сила измените на законот за сообраќај
26.09.2025 08:39
Нови правила за пешаци, велосипедисти и корисници на електрични тротинети. Казна од 40 евра доколку при преминувањето на улица се користат мобилен телефон или слушалки...

Од денеска во сила измените во законот за безбедност во сообраќајот. Нови правила за пешаци, велосипедисти и корисници на електрични тротинети. Казна од 40 евра доколку при преминувањето на улица се користат мобилен телефон или слушалки.
Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека законските измени се усвоени за да се унапреди безбедноста на најранливите категории на учесници во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди како последица на невнимателно однесување во сообраќајот.
