АМСМ

Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози

29.09.2025 08:38

Времен режим на сообраќај кај обиколница Скопје и на експресниот пат Крива Паланка - Страцин кај село Петралица...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел од делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација – семафори.

ВИАДУКТ Трејд Гостивар известува дека на ден 24.09.2025 год. ќе се започне со градежни активности – санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат А2, обиколница Скопје на км 21+840,00 до км 21+987,00, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во времетраење од 4 (четири) месеци.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.