УХМР

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

29.09.2025 09:23

Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, 17 литри на метар квадратен...

Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, 17 литри на метар квадратен.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 5 степени во Лазарополе, 8 во Крушево и Маврови Анови, 9 во Охрид и Берово, 10 во Крива Паланка и Претор, 11 во Виница и Прилеп, 12 во Скопје – Зајчев Рид, Битола, Куманово, Тетово и Штип, 13 во Скопје – Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци и Демир Капија, како и 14 степени во Гевгелија.

До 8 часот наврнале и 15 литри дожд на единица површина во Претор, 12 во Скопје – Петровец, 10 во Куманово, 9 во Попова Шапка, 8 во Тетово, 7 во Виница, 5 во Берово, 4 во Битола и Гевгелија, 3 во Скопје – Зајчев Рид, како и еден во Велес, Охрид, Крушево и Струмица.