Трет ден кампања, изборните карвани во трка по довербата на граѓаните
Се вжештува реториката, изборните карвани во трка по довербата на граѓаните. Ќе победат ли визиите за локален развој или старите навики на клиентелизам и лични ветувања?

Ветувања за нови проекти, идеи, обвинувања. Трет ден кампања, се вжештува реториката, изборните карвани во трка по довербата на граѓаните. Ќе победат ли визиите за локален развој или старите навики на клиентелизам и лични ветувања?
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапуваат под мотото „Вистинскиот избор-твојот човек, твоето место, за твојата иднина“. Денеска митинзи во Конче, Демир Капија, Неготино и во Кавадарци.
Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ карванот го продолжува со централен митинг во Македонски Брод. Претходно средби со граѓани во Конче и во Кичево.
Вреди ги промовираше на конвенција кандидатите за градоначалници и советници. Национална алијанса за интегритет преку средби со граѓани и прес-конференции ќе ја претставува својата програма. На терен и независните кандидати ги промовираат визиите за поубаво и поздраво место за живеење.
