ВЛЕН ги претстави кандидатите за градоначалници
Време e Албанците повторно да ја преземат судбината во свои раце онака како што го ослободивме Тетово во 2021-ва и како што ја симнавме неправдата од централната власт во 2024-та, така ќе ги ослободиме и другите општини, порачаа од ВЛЕН...

Време e Албанците повторно да ја преземат судбината во свои раце онака како што го ослободивме Тетово во 2021-ва и како што ја симнавме неправдата од централната власт во 2024-та, така ќе ги ослободиме и другите општини, порачаа од ВЛЕН при претставувањето на кандидатите за градоначалници.
„Тие сега повторно го сакаат градот. А никогаш не се извинија за состојбата во која го оставија градот и што го уништија за 20 години. Сакаат да се вратат повторно да го искрадат и да ги злоупотребуваат јавните добра и граѓаните за да ја финансираат политичката партија која не знае да функционира без да биде на власт. Сакаат да го вратат Тетово 4 години назад и 20 години назад во развој. Но, моите тетовчани ги познаваат добро ги видоа како владееја во 20 години, но и како се работи во 4 години на нашето владеење“, изјави Касами.
„До оние кои денеска ја исполнуваат кампањата со стравови, разединување и ароганција имам само една порака-не се користи со заплашување бидејќи Албанецот не е плашлив. Не користи го јазикот на омразата бидејќи Албанецот не мрази не разделува, зашто ништо не може да го разедини Албанецот колку и да се обидуваш. Овие денови добив пораки од секое место во земјава, но и од нашата горда дијапсора дека се разочарани од оние кои пред една година ни се закануваа дека ќе нè уништат како ураган“, нагласи Меџити.
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, меѓу другото ја обвини ДУИ дека станала симбол и гарант на влезот на српските банки, компании и криминални интереси во средините каде живеат Албанците.
Фиљана Кока
