Локални избори 2025

Димитриевски: Проекти за модерно и чисто Куманово

02.10.2025 18:17

Здружението за „Наша Македонија“ пред кумановци ја презентираше својата програма. Димитриевски вети инфраструктурни проекти, чиста и уредена општина со развиено стопанство. Очекува убедлива победа уште во првиот круг.

Продолжување на субвенционираниот јавен превоз, изградба на три градинки, административно-деловен комплекс, реконструкција на пионерскиот дом, нови кружни текови, паркови, пешачки зони и слободни тротоари, се проектите кои пред кумановци ги вети кандидатот за градоначалник од редовите на ЗНАМ.

„Програма која содржи стотици проекти во сите области. Програма која ќе придонесе за подобар живот во Куманово. Програма која наше Куманово ќе го направи регионален економски центар и најуредена општина во Куманово“, истакна кандидатот за градоначалник на Куманово од ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Носителката на советничката листа ќе се залага за засилено учество на младите и жените.

„Да продолжиме да работиме на создавање младински центри и продорстори за дружење и размена на идеи. Децата ќе растат на современи и модерни игралишта каде ќе ги развиваат своите спортски и креативни способности. Постарите генерации ќе добијат стабилна поддршка и грижа затоа што општината ќе остане пријател на секое семејство“, нагласи Ивана Ѓорѓиевска, носителка на советничка листа на ЗНАМ, Куманово.

Од ЗНАМ ветија Куманово регионален економски центар со развиено стопанство, домашни и странски инвестиции, но и најуредена општина.

Елена Георгиевска