Јавна опомена за пратениците на ДУИ и ДПА кои учествуваа во вчерашниот инцидент
Ова е одлучено на денешната ад-хок координација што ја свика собранискиот спикер Вељановски...

Јавна опмена за учесниците во вчерашниот инцидент којшто се случи на амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет, во кој учествуваа пратениците на ДУИ и ДПА. Ова е одлучено на денешната ад-хок координација што ја свика собранискиот спикер Вељановски. Она што е денеска донесено како став на координаторите на двете пратенички групи на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи кординаторот на ДПА не бил присутен на денешната координација, собранискиот спикер Вељановски ја соопшти на стартот на пленарната седница.
„Поради инцидентот за денеска свикав и се одржа адхок координација на која врз основа на Член 43 став 4 од Законот за Собрание е донесена следната мерка: Јавна опомена за пратениците кои го предизвикаа и учествуваа во овој немил инцидент. Колеги пратеници уште еднаш сакам да апелирам дека само преку почитвањето на културата на дијалог и моќта на аргументите ожеме најдобро и најефикасно да ги артикулираме интересите и потребите на нашите избирачи кои ни го доделиле мандатот“, рече претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Дали ваквата одлука значи и ретeрирање на интегративците од барањето за формирање анкетна комисија, којашто треба да ги утврди виновниците -засега е прашање без одговор. Координаторот на ДУИ Џафери недостапен за појаснувања.
ДПА утре во Тетово ќе ја анализира новонастанатата ситуација и ќе донесе конечна одлука, дотогаш вели за МТВ пратеникот Фејзулаху , остануваме на вчера соопштените ставови. Бојкот на собранието и кривични пријави за 5 пратеници на ДУИ, кои што според нив биле иницијатори на тепачката во Собранието којашто почна со фрлено пенкало, а заврши со тупаници.
Пратеникот од ДУИ Реџаил Исмаили кој вчера прво бил преврзан од собранискиот лекар, а потоа побарал и помош во некоја од клиниките денес отсутен во пленарната сала. Празни останаа и местата на ДПА.
Виолета Димовска
