Локални избори

Нови училишта меѓу приоритетите на Меџити

02.10.2025 18:22

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ВРЕДИ, Меџити најави изградба на едно ново училиште, како и два нови објекти на училиштето „Иднина“-еден за децата со посебни потреби и друг нов за основно училиште, со што вели, доколку ја добие довербата на чаирчани, ќе се загарантира едносменската и целодневна настава …

Образованието во фокусот на изборната кампања на ВРЕДИ. Кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, најави изградба на ново училиште за 1.300 деца, кое како што уверува, ќе биде по највисоки стандарди.

Со кого Ахмети би правел коалиција, ако влегува во Влада, вака Меџити одговори на обвинувањата на неговиот противкандидат Османи, дека ВРЕДИ се во коалиција со албанофобот Мицкоски.

Меџити додаде дека за понудите кои ги давале од Мала Речица, сведочел и нивниот доскорешен коалициски партнер, лидерот на ДПА.

Марина Стојанова-Тонева