Манчестер

Стармер: Британија мора да ја порази растечката омраза кон Евреите

03.10.2025 08:21

Премиерот Стармер по итниот состанок на Кобра, најави решителна борба против антисемитизмот во земјата.

35-годишниот Џихад ал-Шами, британски државјанин од сириско потекло, е напаѓачот од Манчестер кој синоќа усмрти две и повреди четири лица, откако влета со автомобил во толпа луѓе пред синагога и продолжи да напаѓа со нож.

Тој беше ликвидиран од полицијата која приведе тројца осомничени за терористичкиот чин. Премиерот Стармер по итниот состанок на Кобра, најави решителна борба против антисемитизмот во земјата.

„Ова е омраза што повторно се зголемува – и Британија мора повторно да ја победи. Сакам да им порачам на сите Евреи во нашата земја: ќе направам сè што можам за да ја гарантирам вашата безбедност“, изјави Кир Стармер, премиер на Велика Британија.

Израелскиот премиер Нетанјаху го осуди нападот, потенцирајќи дека слабиот одговор на тероризмот само ќе ги охрабри терористите.