Приватни превозници

Ќе се редуцира градскиот превоз во Скопје

03.10.2025 13:43

Приватните превозници од Скопје го бараат неисплатениот долг, најавија дека во понеделник ќе возат само од 5 до 10 часот. Велат ни треба уплата веднаш од ЈСП. На прес конференцијата дојде и директорот на јавното сообраќајно претпријатие Кушовски. Тврди дека долговите се исплаќаат согласно со нивните можности.

Приватните превозници се скараа со директорот на ЈСП, Драги Кушовски. Тие велат дека имаат милионски долг, од ЈСП се правдаат дека тој се намалувал.

Приватниците велат дека немаат добиено пари од месец март, и дека долгот веќе надминал над 170 милиони денари.

Директорот на ЈСП вели дека откако тој бил на функција, долгот се намалувал.

Приватниците се заканија, ако не добијат пари за сработеното, ќе ги редуцираат автобусите, а можно е и да престанат да работат.

Борис Грујоски