Одбраната и Обвинителството со спротивставени ставови за психичката состојба на Штекли
Вештото лице, психијатарката Оливера Суботин Поповска тврди дека Раде Трајковски-Штекли нема психичко растројство или шизофренија. Вештакот на одбраната пак, Ѓорѓи Хаџи Ангелковски, тврди дека Трајковски има шизофренија и не може да го следи судењето...

Вештото лице, психијатарката Оливера Суботин Поповска тврди дека Раде Трајковски-Штекли нема психичко растројство или шизофренија. На денешното рочиште, таа информира и дека пред извесен период, Трајковски и дал претходно напишано писмо во кое тврдел дека има змии во главата. Поповска децидна дека Трајковски нема халуцинации, туку псевдохалуцинации. Таа додава дека неговиот страв од полицијата и албанската мафија е сепак реален.
Вештакот на одбраната пак, Ѓорѓи Хаџи Ангелковски, тврди дека Трајковски има шизофренија и не може да го следи судењето. На следното рочиште, судијата Илија Трпков треба да информира дека ќе има супервештачење или ќе биде донесена одлука, кое од вештачењата ќе го земе предвид.
Марија Котовска
