Македонија го празнува 11 Октомври, Денот на народното востание
Празникот и годинава традиционално ќе се одбележи со свечена академија, положување цвеќиња и доделување државна награда...

Денеска се одбележува 11 Октомври- Денот на народното востание. На овој ден во 1941 година почнува Народноослободителната антифашистичката војна во Македонија. Празникот и годинава традиционално ќе се одбележи со свечена академија, положување цвеќиња и доделување државна награда.
По повод одбележувањето, ќе се одржи свечена академија „На вистинската патека, за татковина со иднина“ во Прилеп.
Во Собранието ќе бидат врачени наградите „11 Октомври“ за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и на другите дејности од јавен интерес на Македонија.
Преносот во живо од свечената академија по повод празникот 11 Октомври, може да го следите на првиот канал на јавниот сервис, МРТ1 со почеток од 12:30.
