Продолжува предизборната кампања
Кандидатите за градоначалници и советници од владејачките партии кои учествуваат на локалните избори ја продолжуваат кампањата. На терен со митинзи и средби со граѓаните...

Кандидатите за градоначалници и советници од владејачките партии кои учествуваат на локалните избори ја продолжуваат кампањата. На терен со митинзи и средби со граѓаните. Во трка за доверба на граѓаните ги презентираат предизборните програми, ја претставуваат својата визија и очекувања за подобри локални самоуправи.
Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска ќе одржи собири во Зрновце, Чешиново- Облешево, Виница и Кочани. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе биде во Росоман, Градско, Чашка, Лозово и Велес. Ќе ги претстават кандидатите за градоначалници и советничките листи. Со предизборниот карван продолжуваат и Левица и ЗНАМ, како и Националната алијанса за интеграција и ВЛЕН.
На терен и независните кандидати. Молкот почнува в петок на 17-ти октомври на полноќ, гласањето за локалните избори ќе биде на 19-ти октомври.
