Украина

Русија удира, Зеленски бара помош-Трамп со закани

13.10.2025 09:19

Турција е во контакт со Москва за прекин на конфликтот, а Франција го предупреди Путин на последици ако одбие преговори...

Русија продолжува со напади врз Украина додека вниманието е свртено кон Блискиот исток. Турција е во контакт со Москва за прекин на конфликтот, а Франција го предупреди Путин на последици ако одбие преговори. Зеленски ги засили дипломатските напори за одбрана, особено по нападите врз енергетската инфраструктура. По втор разговор со Трамп, тој истакна дека Русија стравува од можно испраќање на „томахавк“ ракети од САД. Трамп не ја исклучува можноста ако не се најде решение за војната. Путин предупреди дека ваквиот потег би ги влошил односите со САД.