КОСОВО

Српската листа води во Зубин Поток и Звечан

13.10.2025 10:44

Во 21 општина од вкупно 38 се избрани градоначалници уште во првиот круг...

На Косово се одржаа локални избори. Во 21 општина од вкупно 38 се избрани градоначалници уште во првиот круг. Во 17 општини вториот круг ќе се одржи на 9-ти ноември. Излезноста беше 39 проценти.

Според првите резултати од изборите за градоначалници на северот на Косово, српската листа води во Зубин Поток и Звечан, додека во северна Митровица трката со самоопределување е неизвесна.