Локални избори 2025

ВРЕДИ ги претстави кандидатите во Куманово

13.10.2025 17:05

Коалицијата ВРЕДИ одржа митинг во Куманово. Кандидатот за градоначалник и советниците ветија поубав град, со решена инфраструктура. Потенцираа како власт изминативе месеци дале поддршка на општините. Само во Куманово се финансирани 77 проекти...

„ВРЕДИ“ има визија и програма и веќе активно работи за уредување на сите општини низ државата, тоа ќе го покажеме и по изборите, истакнаа од оваа коалиција пред кумановци. Кандидатот за градоначалник Етеми потенцираше ќе се заложи за решавање на клучните проблеми. Тој со остра реторика и кон опозициската национална алијанса за интеграција.

„20 години бевте на власт не успеавте една градинка да изградите во албанските средини. Ниту во Черкезе каде што секогаш имало ваши функционери. Не успеавте да обезбедите јавен превоз за учениците, одат повеќе од три километри, ВЛЕН и тоа ќе го среди. Ние имаме добра програма, платформа, нашите противкандидати не нудат ништо, дури бегаат и од дебатни емисии“, потенцираше Арбен Етеми, кандидат за градоначалник коалиција ВРЕДИ.

Лидерот на Алтернатива го побара гласот на граѓаните за поддршка за ВРЕДИ.

„Оваа Влада чиј претставник е и ВЛЕН го финансираше развојот на локалните самоуправи ширум државата. Поделени се средства и во општините, коишто не ги контролира ВЛЕН. Не правиме разлика каде се е инвестирано. Во Куманово се реализирани дури 77 проекти со помош на ВЛЕН. Нека повелат нашите опоненти нека кажат што направиле за Куманово, да споредиме. ВЛЕН на овие избори доаѓа и со неколку донесени главни закони. Кои беше тешко да се реализираат а сега ги набројуваме. Граѓаните на Куманово немаат што да мислат. Знаат што е нивната иднина и зошто е вредно да се подржи ВЛЕН“, укажа Зеќирија Ибрахими, лидер на Алтернатива.

Укажа за 15 месеци сработиле колку што некој, не успеал ниту за 20 години.

 

Елена Георгиевска