Активности на кандидатите на „Левица“
„Левица“ денеска се претставува пред граѓаните на Кочани и на Штип. Партијата деновиве имаше засилени активности во Гевгелија и Струга, каде нивните кандидати за градоначалници и советници ги претставија визиите за развој на овие градови – вложувањата во културата, инфраструктурата, затворање на дивите депонии…

Реставрација на старите градби и на културните споменици, озеленување на централното градско подрачје, изградба на Јужен булевар со паркови и зелени зони, уредување на просторот кај сува река, како и решавање на проблемите со загадувањето и непријатните миризби – сето ова, на граѓаните на Гевгелија им го ветува Тони Аврамов, кандидатот за градоначалник од „Левица“.
Струшката депонија ги труе граѓаните. „Левица“ со низа предлози за управување со отпадот. Оттаму сметат дека е потребно итно да се затвори депонијата која ја нарекуваат „Струшки Чернобил“.
„Левица“ во Струга се залага за отворање шелтер центар и за помош на самохраните мајки.
„Левица“ ги продолжи средбите со граѓаните во Кочани и Штип.
Миле А. Ристески
