Локални избори 2025
Трајановски: Обнова на БРТ системот и набавка на нови автобуси на метан
13.10.2025 17:48
Кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски се осврна на јавниот превоз во метрополата. Тој вети обнова на БРТ системот и набавка на нови автобуси на метан. За Трајановски, ЈСП како стратешко претпријатие треба постојано да биде поддржано од власта.

Возниот парк и јавното сообраќајно претпријатие кое е од стратешко значење, се во девастирана состојба, вели кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски.
Тој ги претстави неговите решенија за подобрување на ситуацијата во ЈСП.
Најефикасни, најекономични и најеколошки се автобусите на метан, вели Трајановски.
Коалицијата е составена од партиите ЛДП, Гром, Интегра и ПЦЕР.
Марија Котовска
