Скопје
Официјално почна грејната сезона
15.10.2025 08:29
За речиси 66 илјади активни потрошувачи во Скопје, официјално почна грејната сезона...

За речиси 66 илјади активни потрошувачи во Скопје, официјално почна грејната сезона. Сепак се можни и рестрикции.
Од ЕСМ велат дека поради ремонт на регионалните транспортни системи „турски тек“, до петок ќе има прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава.
Од компанијата со апел, потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите.
