Уставен суд

Уставниот суд ќе одлучува по иницијативата на Левица за упатството на ААВМУ

15.10.2025 09:30

Уставниот суд на седница, по итна постапка ќе одлучува по иницијативата на Левица, со која се оспорува упатството на Агенцијата за медиуми за платено политичко рекламирање...

Уставниот суд на седница, по итна постапка ќе одлучува по иницијативата на Левица, со која се оспорува упатството на Агенцијата за медиуми за платено политичко рекламирање. Левица поднесе и барање да се донесе времена мерка за стопирање на упатството.

Лидерот на партијата Апасиев изјави дека досега имало три вакви случаи, но Уставниот суд, служејќи се, како што рече, со финта, актот го става на гласање неколку месеци подоцна.