Локални избори 2025
Уште три дена предизборна кампања
15.10.2025 08:42
Партиите и кандидатите за градоначалници и советници ги интензивираат активностите на терен, меѓусебните обвинувања се пожестоки...

Уште три дена предизборна кампања пред молкот во петок на полноќ. Партиите и кандидатите за градоначалници и советници ги интензивираат активностите на терен, меѓусебните обвинувања се пожестоки. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ со предизборни активности во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и во Делчево.
СДСМ и коалицијата ќе ги претстави своите кандидати во Центар Жупа, Дебар, Гостивар и во Маврово-Ростуше. На терен и партиите од албанскиот политички блок, вонпарламентарните партии и независните кандидати.
