Венецијанска комисија

Препораки на Венецијанската комисија за предлог-законите за јавен обвинител и за Совет на јавни обвинители

15.10.2025 10:36

Се препорачува измена на Уставот, со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител, како и тој да се бира и да се разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието...

Владините предлог-закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители, и покрај неколку недостатоци, содржат многу позитивни карактеристики, нови или преземени од законите што се во сила, се наведува во заедничкото мислење на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото на Советот на Европа. Се препорачува измена на Уставот, со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител, како и тој да се бира и да се разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието.

Венецијанската комисија предлага, и функцијата на обвинителите избрани за членови на Советот на јавни обвинители да биде суспендирана за времетраењето на нивниот мандат во советот. Мислењето е побарано по намерата на македонската влада да го подобри судскиот интегритет преку ревидирање на процесите за избор, оценување, унапредување и разрешување на судии и обвинители.