Локални избори 2025

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на митинзи во Малешевијата

16.10.2025 15:41

Времето на СДСМ во Берово и Делчево помина, време е за промени во Малешевијата која ги има сите услови за туризам, земјоделство и стопански развој. пораката од предизборните средби на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата кои ги претставија своите кандидати за градоначалници и советници во Берово, Пехчево и Делчево и Македонска Каменица...

Времето на СДСМ во Берово и Делчево помина, време е за промени во Малешевијата која ги има сите услови за туризам, земјоделство и стопански развој. Ова е пораката од предизборните средби на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата кои ги претставија своите кандидати за градоначалници и советници во Берово, Пехчево и Делчево и Македонска Каменица.

Време е за промени во Берово, време на нова енергија, визија и ново лидерство, ова е пораката на изборниот караван на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Малешевијата.

Градоначалничкиот кандидат Петар Ружински најави инвестиции, поддршка за локалните бизниси, посебно за младите и земјоделците. Силна Малешевија е нашата цел, кажа тој и најави инфраструктурни проекти за уредување на влезот на Берово, како и ставање крај на урбаниот хаос со изработка на генерален и детален урбанистички план

На митингот во Делчево беше кажано дека Делчево има прекрасна природа, граница што нуди можности за туризам, трговија и земјоделие, а делчевчани заслужуваат одговорно и транспарентно менаџирање со општината. Кандидатот за градоначалник, Иван Гоцевски, вети инфраструктурни проекти, зелен катастар, велосипедски патеки, мерни станици за квалитетот на воздухот и водата и фиксни точки за рана детекција на пожари. Вети и поддршка на локалните бизниси, мерки за намалување на иселувањето, а најави и проекти за Голак како планински туристички бисер на Делчево

„Некои живеат за народот, а некои од народот“ изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ од Делчево. Локални шерифи не смее да има, ниту поединци кои работат на штета на државата и против народот. Ова е причина за нервоза во опозицијата, која на избори не излезе со програма и проекти. Водат црна кампања тие кои сменија име, устав, донесоа двоцифрена инфлација, профитираа од тендери, дури и од вакцини правеа профит. Но, народот нема кратко помнење и својот став ќе го каже на денот на изборите, изјави Мицкоски и му ја даде првата задача на Гоцевски како иден градоначалник на Делчево“ изјави Иван Гоцевски.

Младите се во фокусот на изборните програми на кандидатите во Малешевијата, со отворање на кариерни центри, бизнис инкубатори и стипендии.

Славица Величковска