Лекарска комора

Лекарската комора со осуда за д-р Кузмановски

16.10.2025 14:46

Кузмановски за кого се појави скандалозно видео на кое се зборува за дрога, доби јавна морална осуда од Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора...

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски за кого се појави скандалозно видео на кое се зборува за дрога, доби јавна морална осуда од Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора.

Оттаму велат дека неговото однесување ја нарушува довербата во професијата, ги компромитира и неговите колеги, и не е во согласност со етичките и моралните стандарди. Комората ќе ги почека извештаите на стручните комисии за целиот случај, по што ќе донесе одлука за натамошните чекори.

За претставките за евентуални етички пропусти во работењето кои биле поднесени до Комората, утврдено и дека нема случај поврзан со д-р Кузмановски.