Локални избори 2025

Утре гласаат болните и затворениците

17.10.2025 08:23

Пријавени се околу 9 илјади болни и немоќни лица, што е повеќе од локалните избори во 2021-та година...

Утре први гласаат болните и немоќните, затворениците и лицата во притвор. Пријавени се околу 9 илјади болни и немоќни лица, што е повеќе од локалните избори во 2021-та година. Во сабота гласаат и 2.162 затвореници и 450 избирачи од домовите за стари лица. За 8-те по ред локални избори, со право на глас, запишани во Избирачкиот список се милион 832 илјади 415 избирачи. Право на глас имаат и 112 илјади избирачи кои се на привремена работа или престој во странство.

Согласно Изборниот законик, гласање во дијаспората за локалните избори нема, така што оние што сакаат да го искористат своето право на глас треба да допатуваат во земјава.