Одбележување на Денот на команда за операции
Во рамки на воената свеченост, пред присутните ќе се обратат министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски...

Припадниците на командата за операции со воена свеченост во касарната „Боро Менков“-Куманово, ќе го одбележат денот на единицата. Во рамки на воената свеченост, пред присутните ќе се обратат министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на генералштабот на армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
За ден на командата за операции е определен 17 октомври, како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е подигнато Кресненското востание.
