ДИК
За локалните избори акредитирани 1.451 набљудувачи
18.10.2025 19:11
ДИК соопшти дека се акредитирани 807 домашни и 644 странски набљудувачи и 12 странски новинари...

1.451 набљудувач се акредитирани за локалните избори. ДИК соопшти дека се акредитирани 807 домашни и 644 странски набљудувачи и 12 странски новинари. Најголем број од странските се од набљудувачката мисија на ОДИХР 524 набљудувачи. Американската амбасада во Скопје ќе има 30 набљудувачи, Европскиот парламент 12, Британската амбасада 11, Холандската амбасада 10, Француската амбасада 9, Унгарската амбасада 8. Набљудувачи ќе има и од амбасадите на Словачка, Турција, Швајцарија, Албанија, Косово.
Седум набљудувачи од Меѓународната фондација за изборни системи во Вашингтон, само еден од Францускиот институт за соработка и развој.
