Мециновиќ вети во фокусот ќе му биде раскинување на сите договори кои ја оптоваруваат градската администрација
За вториот круг од изборите очекувам поддршка од независните, од оние кои не излегоа да гласаат, вели кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ. Ако биде нов татко на метрополата вети фокусот ќе му биде раскинување на сите договори кои ја оптоваруваат градската администрација...

Во следниот период ќе понудиме алтернатива која ќе биде проактивна и фокусирана на интересите на граѓаните, а не на лични агенди, изјави кандидатот на Левица за град Скопје, Амар Мециновиќ.
Доколку ја добие поддршката и застане на челната позиција во град Скопје, Мециновиќ најави и конкретни потези, во фокусот вели ќе биде раскинувањето на сите штетни договори што ја оптоваруваат градската администрација и јавните претпријатија .
Мециновиќ најавува нови насоки во политиката на градот за поддршка на младите, финансиско зајакнување на Младинскиот културен центар и основање на скопски графити фестивал. Во вториот круг, Левица очекува поддршка од независните и од оние кои не го остварија своето право на глас.
Наташа Гркова-Петрушевска
