Субвенционирање на годишен сервис на лифтови и хидранти во станбени згради, најави Лабудовиќ
Кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ Лабудовиќ вели доколку ја добие довербата на жителите на оваа општина ќе ја воведе мерката за субвенционирање на 70 отсто од редовниот годишен сервис на лифтови и хидранти...

Секоја општина има обврска да се грижи за своите граѓани и не само со големи и долгорочни проекти, туку и со конкретни, секојдневни мерки кои го олеснуваат животот и го прават побезбеден. Затоа, вели кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ Лабудовиќ, доколку ја добие довербата на жителите на оваа општина ќе ја воведе мерката за субвенционирање на 70 отсто од редовниот годишен сервис на лифтови и хидранти.
Лабудовиќ најави и мерка за помош на учениците со 3.000 денари за таблет или 6.000 денари за лаптоп.
Со ова општината, вели Лабудовиќ, ќе преземе дел од финансиската обврска на граѓаните.
Фиљана Кока
