Локални избори 2025

Касами најавува зголемена соработка со месните и урбаните заедници во градот

24.10.2025 17:02

Зголемена соработка со месните и урбаните заедници во градот. Нагласува дека заеднички со нив ќе се носат плановите за развој. Касами вели дека доколку ја добие довербата, во фокус на вториот мандат ќе биде водоснабдувањето во градот...

Кандидатот за градоначалник на Тетово, Биљал Касами ,најавува зголемена соработка со месните и урбаните заедници во градот. Нагласува дека заеднички со нив ќе се носат плановите за развој.

Касами вели дека доколку ја добие довербата, во фокус на вториот мандат ќе биде водоснабдувањето во градот како и атмосферската канализација.

Касами вели дека во неговата програма предвидува и изградба на училишта и ревитализација на жичницата до Попова Шапка.

 

Миле А. Ристески