Од ВМРО-ДПМНЕ повикаа на 2-ри ноември масовно да се излезе на гласање
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се заблагодари за поддршката во првиот круг и ги повика да излезат масовно и да гласаат на 2-ри ноември. Посочи дека на овие избори има три опции: да гласате за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и ДУИ или да седите дома...

„33 општини избраа градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, a СДСМ победи во само три. Сега, ја барам вашата доверба и за преостанатите 26 кандидати кои се во вториот круг, а голем дел од нив се во водство. Ние нема да се откажеме од ниту една општина. Ќе се бориме за секоја општина и секој глас каде што имаме шанса да имаме градоначалник“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и предводник на коалицијата, Христијан Мицкоски. Тој е убеден во победата на неговите кандидати за градоначалници во речиси 59 општини во земјава, што оцени дека е историско постигнување. Мицкоски посочи дека на овие избори има три опции: да гласате за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и на ДУИ или да седите дома.
Во наредните 4 години со поддршка од Владата и од идниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Аеродром ќе го направиме уште подобро место за живеење. Ќе продолжат вложувањата во безбедни училишта и градинки, паркови со зеленило, спортски сали и културни центри. Ова пред своите сограѓани го вети кандидатот за градоначалник, Дејан Митески. Тој се заблагодари за поддршката во првиот круг, и повика на масовна излезност во вториот. Митевски во програмата ветува нови инвестиции во инфраструктурата, културата, образованието и спортот и зелена офанзива за Аеродром.
Ефикасна општинска администрација, реконструкција на секундарните водоводни мрежи, подобрена чистота, инвестиции во нови бизниси како начин за задржување на младите во градот, вети кандидатот за градоначалник на Валандово од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев.
Од ВМРО-ДПМНЕ повикаа на 2-ри ноември масовно да се излезе на гласање. Потребна е мобилизација на секој еден гласач, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Убедени се дека најголемото мнозинство граѓани на втори ноември ќе излезе на избори и ќе даде поддршка за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Ирина Гелевска
