Локални избори 2025

Кандидатот на НАИ ветува модерна и транспарентна Струга

26.10.2025 17:40

Пред вас со посветеност кон заедничката победа на 2. Ноември, рече на денешната прес-конференција Арсим Далпи од Националната алијанса за интеграција – НАИ, кој ветува модерна, транспарентна, Струга блиска до граѓаните...

Денес сме пред вас со посветеност кон заедничката победа на 2. Ноември, рече на денешната прес-конференција Арсим Далпи од Националната алијанса за интеграција – НАИ, кој ветува модерна, транспарентна, Струга блиска до граѓаните.

„Во рокот 100 дена, нашиот тим заедно за Струга се обврзува на реализација на програмата со 5 точки, која ги опфаќа следниве мерки. Бесплатно паркирање за граѓаните до 10 часот на целата територија на градот Струга, со цел граѓаните да ги извршуваат своите обврски во градот без да бидат оптоварени, со дополнителни трошоци за паркирање, вели Далипи.

Далипи ветува намалување на даноците за лиценците за такси комбиња, а за такси возилата бесплатни лиценци.

„Субвенционирање на автоперални на територијата на Општина Струга од буџетот на Општината, со цел обезбедување техничка вода преку субвенционирање на бушење на бунари, а водата за пиење ќе се користи исклучиво за пиење. Со ова мерка, значително ќе се олесни проблемот со водностабдувањето со вода за пиење во целата Општина. Под 4. Инсталирање пумпи и резервуари во старите згради, финансирано од буџетот на Општината“, додава Далипи.

Далипи ветува, сите социјални случаи ќе бидат ослободени од даночни обврски, а средствата ќе бидат рефундирани од буџетот на Општината.

 

Соња Рилковска