Лабудовиќ најави обнова на ул.„ Педесетта девизија“
Улицата да стане пример за ред, безбедност и зелен урбанизам – простор каде граѓаните ќе се чувствуваат пријатно и безбедно, кандидатот на движењето „ЗНАМ“ за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ. Најави неколку капитални инфраструктурни проекти ако ја добие довербата од жителите.

Кандидатот на движењето „Знам“ за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ. Најави неколку капитални инфраструктурни проекти кои, како што истакна, ќе бидат реализирани веднаш по преземањето на градоначалничката фукнција.
Според Лабудовиќ, целта е улицата да стане пример за ред, безбедност и зелен урбанизам – простор каде граѓаните ќе се чувствуваат пријатно и безбедно, а не само место за автомобили. Според кандидатот на „Знам“ за Центар, Лабудовиќ, трајно ќе се подобри фреквентноста и безбедноста во сообраќајот и ќе се создаде поуреден, функционален и модерен Центар.
Мирјана Пиштолова
