Локални избори 2025

Крај за дивите депонии и пунктови за смет во Тетово - ветува кандидатот на НАИ, Реџепи

27.10.2025 17:37

Целосно отстранување на дивите депонии и темелно чистење на градот што ќе стане практика – ова го ветува кандидатот за градоначалник на Тетово од НАИ, Бајрам Реџепи. Тој има големи критики за хигиената во градот и рече дека Тетово ќе се чисти постојано, а не кампањски како досега...

Тетово заслужува да е чист град, имам стратегија за тоа, вели кандидатот за градоначалник од редовите на НАИ, Бајрам Реџепи.

Крај за сите диви депонии и пунктови за смет им ветува на тетовчани. Градот ќе се чисти секојдневно, а не еднаш во месецот како досега, ветува Реџепи.

Тетово треба да донесе надеж за младите, бидејќи е убав и мултиетнички град, вели Реџепи.

Тетовчани треба да се сигурни дека тоа што го ветил ќе го исполни, затоа што тоа и го докажал на функциите кои ги извршувал, рече Реџепи.

Фиљана Кока