Локални избори 2025
Јакимовски најави катни гаражи во Карпош за решавање на проблемот со паркирањето
27.10.2025 17:43
Кандидатот за градоначалник на Карпош од „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски вели дека во неговата програма се предвидени неколку катни гаражи за решавање на проблемот со паркирањето...

Проблемот со паркинг места ќе биде решен со катни гаражи во Општина Карпош, ветува кандидатот за градоначалник Стевчо Јакимовски од коалицијата „Искуство за успех“. Ако е неопходно за оваа намена, општината или ќе ги зголеми своите приходи, или ќе земе кредит, вели Јакимовски.
Карпошани се на пат да го одберат своето достоинство, да победат резултатите, проектите, знаењето и одговорноста, додаде Јакимовски.
Александра Спировска
