Локални избори 2025

Кампања на кандидатот Касами во Тетово

27.10.2025 18:03

Нов градски стадион, базени и спортски терени, најави кандидатот за градоначалник на Тетово од „Вреди“, Биљал Касами, кој бара нов мандат од граѓаните за во наредните четири години да ја води локалната самоуправа.

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од „Вреди“, Биљал Касами ветува реализација на инфраструктурни проекти во спортот и рекреативните активности на младите. Вели дека изградбата на градскиот стадион во Тетово е почната и до 2027 година треба да биде завршена. Со тоа, вели Касами ќе им се овозможи на локалните екипи и на државната репрезентација да игра меѓународни натпревари.

Касами повика масовна излезност на изборите в недела за да се потврди победата од првиот круг.

 

Игор Панов