Македонија

УХМР: Утре повремени врнежи, следните денови стабилно време и ниски утрински температури

27.10.2025 18:13

Во следните денови под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата...

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

Во следните денови под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.

Фото: УХМР