Локални избори 2025

Димитриевски најави вложувања во инфраструктурата, Лабудовиќ финансиска поддршка за пензионерите

27.10.2025 17:58

Кандидатот за градоначалник на Куманово од „ЗНАМ“, Максим Димитриевски најави нова градинка во населбата Зелен Рид и вложувања во инфраструктурата. Неговиот колега што ја бара довербата во Центар, Мирослав Лабудовиќ планира да дава еднократна финансиска поддршка од 7 илјади денари за пензионерите со ниски примања, како и поддршка за новите корисници на пензија во општината...

Еднократна финансиска поддршка за сите пензионери во Центар чија пензија не е повисока од просечната, како и помош за сите нови корисници на пензија во општината, најави кандидатот за градоначалник од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.

Изградба на нова градинка во Зелен Рид, најави кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Тој најави довршување на сите краци од улицата Авној, како и фекална канализација за да се надмине деценискиот проблем на жителите.

Лабудовиќ и Димитриевски повикаа на масовна излезност во вториот круг.

Борис Грујоски