Владината коалиција е стабилна, уверува премиерот Мицкоски
Премиерот Мицкоски дециден – владината коалиција е стабилна. Испеглани се разликите со „Вреди“, уверува премиерот Мицкоски, кој ги отфрли шпекулациите дека дел од коалицијата ќе стане и Рамиз Мерко...

Премиерот Мицкоски и лидерот на БЕСА Касами ги испеглаа ставовите. Мицкоски ја потврди средбата и рече дека Касами почнал да ги праќа вистинските пораки. Ова следи по повиците за гласање по етнички клуч, испратени од кандидати за градоначалници од „Вреди“. Мицкоски дециден – владината коалиција е стабилна.
Мицкоски со став како лидерот на СДСМ може да ја оценува работа на Владата за период од година и пол, кога за сопственото претседателување од истиот период Филипче вели дека е краток период.
Мицкоски ги демантираше шпекулациите за коалицирање со поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко кој јавно декларираше дека нема да ги подржи ДУИ во вториот круг на локалните избори.
Марина Стојанова Тонева
