Локални избори 2025

Петар Јанков ја презеде градоначалничката функција во Општина Струмица

27.10.2025 18:24

Кандидатите за градоначалници кои победија во првиот круг почнаа да ги преземаат функциите. Во Струмица веќе се случи промената. Попладнево, Костадин Костадинов ја напушти, а Петар Јанков седна во градоначалничката фотелја …

Со добивањето на значката со грбот на општина Струмица, Петар Јанков ја презеде градоначалничката функција од досегашниот Костадин Костадинов. Јанков се заложи на посветена работа а прва задача ќе му биде скенирање на состојбите во локалните јавни претпријатија.

Костадинов кој точно четири години ја водеше Општина Струмица на новоизбраниот Јанков му посака успех и автономност во одлучувањето. Кажа дека му остава и проекти кои треба да се реализираат со пари од централниот буџет.

Денеска уверенијата ги добија и новоизбраните членови во Советот каде ВМРО-ДПМНЕ има 13 мандати, 8 СДСМ и по еден ЗНАМ и Левица.

Ване Трајков