Локални избори 2025

Мециновиќ: Достоинствени услови за живот на секој жител на Скопје

28.10.2025 17:28

Ако ја добие поддршката и застане на челната позиција во градот, Мециновиќ на прво место ја става чистата и здрава животна средина, оти како што вели, граѓаните го заслужуваат тоа...

Достоинствени услови за живот на секој жител на Скопје, како и соработка со локалната и централната власт, порача кандидатот за градоначалник на Скопје од „Левица“, Амар Мециновиќ. Ако ја добие поддршката и застане на челната позиција во градот, Мециновиќ на прво место ја става чистата и здрава животна средина, оти како што вели, граѓаните го заслужуваат тоа.

Мециновиќ додава дека заедно со неговиот тим и со сите луѓе кои се приклучија кон нив, ги пренесуваат пораките до секој скопјанец. Веруваат дека, конечно ќе се случат промени за поквалитетен живот на сите генерации.

Политичките суети не смеат да имаат место во работата на градоначалниците, додава Мециновиќ, оти како што кажа, ние сме мала држава за да имаме ваква лоша политика.

Борис Грујоски