Локални избори 2025
Касами во новиот мандат ветува нови спортски објекти и училишта
28.10.2025 17:18
Вториот мандат, вели Касами ќе биде за брз развој, за европски стандарди во секоја сфера, за заживување на културата, спортот и туризмот...

Билал Касами кандидатот за градоначалник на Тетово од ВРЕДИ вели дека во четиригодишниот мандат ќе ја реализира изградбата на неколку спортски објекти, но и ќе заврши изградбата на три нови основни и две средни училишта.
Нова жичница до Попова Шапка, но и изградба на шест спортски сали, ветува Касами.
Вториот мандат, вели Касами ќе биде за брз развој, за европски стандарди во секоја сфера, за заживување на културата, спортот и туризмот, но и за грижа за најранливите категории.
Миле А. Ристески
