Локални избори 2025

Лабудовиќ на средби со жителите на Маџир маало

28.10.2025 17:11

Кандидатот за градоначалник на Центар од „Знам“, Мирослав Лабудовиќ на средби со жителите на Маџир маало. Во 21 век живот во супстандардни услови, се жалат центарци. Лабудовиќ ветува промена на урбанистичкиот план.

Во срцето на метрополата граѓаните во 21 век живеат во супстандардни услови, со уништени улици, без соодветен водовод и канализација со нерешени имотни прашања – ова се проблемите со кои се сочуваат жителите на Маџир маало.

Лабудовиќ уверува дека доколу ја освои довербата на центарци прво кон што ќе се зафати, а со помош и поддршка од Министерството за транспорт и врски е подготовката на нови урбанистички план, по мерка на граѓаните.

„Час поскоро треба општината заедно со Министерството да влеземе во процес на разгледување на нови урбанистички планови кои ќе бидат од корист исклучиво на граѓаните. Еден од проблемите е и Маџир Мало кој многу одамна нема донесено урбанистички план. Имаме заеднички став дека новиот урбанистичлккии план ќе биде модерен за овој дел од Скопје“, изјави Лабудовиќ.

На средбите со граѓаните Лабудовиќ вели дека ги нотира нивните потреби, и уверува дека под негово раководство општина Центар ќе продолжи да се развива.

 

Марина Стојанова-Тонева