ДИК
Конечни резултати од гласањето во првиот круг
28.10.2025 14:00
Државната изборна комисија ги објави целосните конечни резултати, откако заврши постапката по тужбите поднесени пред Управниот суд...

Во 43 општини избран градоначалник во првиот круг, на 2-ри ноември, во вториот круг ќе се гласа во 33, Државната изборна комисија ги објави целосните конечни резултати, откако заврши постапката по тужбите поднесени пред Управниот суд.
Прегласување ќе има во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово-Ростуше, бидејќи на гласањето на 19-ти октомври не беше исполнет цензусот за излезност од најмалку една третина од запишаните гласачи.
