Слабите комунални услуги се причината зошто Вардар е полн со отпад, велат од Министерството за животна средина
Министерството со апел до општините, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка одговорност и делување за зачувување на чистотата на реките и водните текови...

Појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во Вардар и другите водотеци е поради незадоволителното ниво на комунални услуги, особено во руралните средини, велат од Министерството за животна средина.
На ова претходеа видеоснимки на социјалните мрежи, на кои се забележуваат илјадници пластични шишиња во реката. Од ресорното министерство нагласуваат дека во овие подрачја е евидентно присуство на диви депонии на јавни површини, за чија санација и контрола се надлежни општините и нивните инспекциски служби.
Државниот инспекторат подготвува измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување единствен систем и поефикасна контрола.
Министерството со апел до општините, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка одговорност и делување за зачувување на чистотата на реките и водните текови.
