Претрес во гостиварско, пронајдена ловечка пушка и муниција без соодветна дозвола
Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој пријавил дека во една од помошните простории има ловечка пушка и 12 патрони, без соодветна дозвола, кои доброволно ги предал...

На 29.10.2025 во 15:15 часот во с. Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Н.С.(22) од с. Речане, гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ. Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој пријавил дека во една од помошните простории има ловечка пушка и 12 патрони, без соодветна дозвола, кои доброволно ги предал.
Н.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
