Локални избори 2025

Заедно ќе ги направиме промените во Струга, уверува кандидатот на НАИ

30.10.2025 17:50

„Денес Струга има потреба од еден сосема нов правец. Ние му велиме „да“ на обединувањето, чесноста и трудот. Струга што им припаѓа на граѓаните, не на интересите на одредени групи“, истакна кандидатот за градоначалник на оваа општина од Националната алијанса за интеграција, Арсим Далипи...

Заедно ќе ги направиме промените во Струга, уверува кандидатот за градоначалник на оваа општина од Националната алијанса за интеграција, Арсим Далипи.

„Денес Струга има потреба од еден сосема нов правец. Ние му велиме „да“ на обединувањето, чесноста и трудот. Струга што им припаѓа на граѓаните, не на интересите на одредени групи. Ова е почеток на едно ново поглавје, пакт за Струга за да ја вратиме во еден модерен и одговорен модел на управување. Заедно со господинот Беким Хасани и сите оние кои веруваат во оваа визија, ние го отвораме патот за вистинска промена“, истакна Далипи.

За обвинувањата на опонентот, Ќура, за како што рече, притисоци и закани од директорите врз наставниците и администрацијата, Далипи ги отфрли како невистинити и како лицемерие

„Сведоци сме кој вршеше притисоци кој купуваше гласови, кој асфалтираше и градеше за време на изборната кампања што целосно сме го нотирале. Затоа јас би го прашал мојот противкандидат во какво својство во придружба на министерот за здравство ги посети болниците во Струга, дали за да им се направи притисок на вработените или едноставно како придружба?“, рече Далипи.

Им порачувам, рече, дека вистинскиот кандидат за градоначалник е Арсим Далипи, со тим на нови луѓе кои ќе ги донесат промените.

Фиљана Кока